Сето тоа е поради одредени причини, можеби политички, можеби и не, но народот ќе донесе одлука дали е така. Ние уште во ноември се обративме до општина Центар, за да добиеме одобрение за градба за овој телеком паунд, каде што треба да бидат ТВ возилата. За жал општина Центар носи, па сами си ги поништуваат тие одобренија, кажа во интервју за телевизија Алфа директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.
– Непознавањето на проблематиката од страна на генералниот секретар на Владата, Рашковски доведе до правење на одредена забуна кај граѓаните на Република Македонија, дека станува збор за одредени проблеми кои настанале во работењето на нашата институција. Јас одговорно тврдам дека проблеми во работењето на институцијата нема, дека забелешките се однесуваат оправдано поради она што е одолговлекувањето на динамиката за завршување на овие зафати, кои што требаше досега да бидат завршени. Сето тоа е поради одредени причини, можеби политички, можеби и не, но народот ќе донесе одлука дали е така. Ние уште во ноември се обративме до општина Центар, за да добиеме одобрение за градба за овој телеком паунд, каде што треба да бидат ТВ возилата. За жал општина Центар носи, па сами си ги поништуваат тие одобренија. Во меѓувреме поништуваат и дупови и настанува хаос, каде што потоа чекаме месец и пол да ни одговорот по кој ДУП треба да постапиме, за да добиеме одобрение за градба во Министерството за транспорт и врски.
Тој кажа дека во моментов е дадено барање за тениските игралишта каде што требаше биде телеком паундот.
– Доколку Владата или генералниот секретар ќе направи мислење дека има волшебно стапче и дека со него во овој момент и ќе укаже и завршено е, купот ќе се одржи во Македонија, сакам да кажам дека за Суперкупот е работено две години, прво да се добие истиот. Во минатите две години направени се максимални напори за негово одржување. Единствено што треба да направи новата Владе е таа и генералниот секретар е да си ги знае неговите ингеренции и неговите работи, кои што треба да ги заврши во однос на Суперкупот. Ние кажавме дека имаме средства наши, не бараме милостина, кои што се наоѓаат на одредена наменска сметка, поради тоа што сме во теснец со времето, потребно е владата да донесе одлука, со што ќе ни даде можност да ги алоцираме за друга пренамена, одлука која што мора владата да ја донесе, бидејќи е единствен акционер во претпријатието, вели Грозданов.
Тој побара да се даде дозвола од владата парите да се пренаменат за може да се инвестираат за Суперкупот. Грозданов го повика да не губи време со пресови со цел да оцрни некого, бидејќи стадионот е еден од најдобрите проекти во оваа држава и претставува еден од најдобрите пет стадиони во Европа.
Грозданов кажа дека е сигурен, поради максималните напори кои што се направени, дека Супер купот ќе биде одржан во Скопје, Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)