Охридскиот портал „Охрид1“ објави видео снимка како Зоран Заев со свита луксузни автомобили чаламски вчера вечер го напушта Охрид. Според информациите на порталот, Заев бил на приватна журка.
-Премиерот Зоран Заев кој денеска беше во приватна посета на Охрид вечерва го напушти градот, а објективот на ”Охрид 1” го регистрира премиерскиот конвој следен од големо полициско обезбедување на кружниот тек меѓу улиците ”Јане Сандански” и ”Питу Гули” во Охрид, објави порталот.
Охрид 1 додава дека Заев бил во приватна посетa на Охрид каде присуствувал на отворање на еден хотел, сопственост на бизнисмен близок до СДСМ, а движењето на лидерот на СДСМ во текот на целиот ден беше под силно полициско обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)