| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот од скопско Глумово бил во крвно сродство со жртвите

Убиецот од Скопје бил во крвно сродство со жртвите. Од скопското обвинителство соопштија дека две тела се пронајдени во куќа во Ѓорче Петров, а две тела, од кои едното на убиецот кој подоцна се самоуби, се најдени во Глумово, село во Општина Сарај.

„Увидни екипи раководени од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вршат увид во куќа  во Ѓорче Петров, каде што претпладнево биле пронајдени телата на две починати лица. Веднаш по завршувањето на увидот, екипите ќе се упатат кон селото Глумово, каде што се пронајдени телата на уште две лица“, соопшти скопското обвиителство.

Според првичните информации сите починати лица биле во крвно сродство.

Од обвинителството соопштија дека во инцидентот е повредено уште едно лице кое е хоспитализирано и врз него е извршена хируршка интервенција.

Во меѓувреме, до увидот, локацијата во селото Глумово се обезбедува со полициски екипи.

„Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, кои подоцна ќе бидат испратени на вештачење. Телата на починатите лица ќе бидат предадени на обдукција“, соопшти скопското обвинителство.

Утринава во 10 часот жител на село Глумово уби три лица, најверојатно неговиот брат и неговите двајца внуци. При обидот да биде приведени тој се самоубил. Мотивите за убиствата сè уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top