Денеска околу 10 часот е извршено тројно убиство во скопско, извести МВР. Првото убиство е извршено во село Глумово, а второто во село Кондово. Тројното убиство е извршено со пиштол.
Сторителот на тројното убиство, како што објави порталот Плусинфо е С.Ш. од село Глумово. Toj ги убил брата си А.С., синот на А.С. (М.С.) и внукот на А.С. (Ар.С). Потоа Ш.С. се самоубил откако одбил да и се предаде на полицијата.
Оваа голема трагедија предизвика голема паника кај жителите на село Глумово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.