Саботата навечер во 20,20 часот во с. Глумово, Скопско, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје истрелал повеќе куршуми.
Еден од истреланите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на четиринаесетгодишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата. Девојчето било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштено на домашно лекување.
Еден од истреланите проектили завршил и во предната хауба од „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С. (42) од с. Глумово, кое било паркирано пред неговата куќа.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.