| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче кое се бори со неизлечив рак посака бајковита свадба

Ејли Петерсон води мачна битка со неизлечив рак. 5-годишното девојче, кое боледува од невробластома, создало листа на желби, а на самиот врв била мечтата „свадба од бајките“.

Изминатиот викенд големата желба ѝ била исполнета. Ејли и нејзиниот најдобар другар Харисон биле ѕвезди на церемонијата на која присуствувале и девојки и момци облечени во костими на суперхерои и Дизни ликови.

За време на церемонијата, на малите дечиња им бил прочитан краток текст во стил на бајка за животната приказна на Ејли. Приказната, во која ракот бил нарекуван „злобно чудовиште“, била напишана од мајката на Ејли.

На крајот, малите дечиња биле прогласени за најдобри другари. Просторијата била преполна со емоции.

Таткото на момчето изјавил: „Харисон никогаш нема присуствувано на свадба, па ова беше ново за него. Церемонијата беше прекрасна и тој уживаше во секоја минута. Беше многу возбуден. Откако се запознаа со Ејли, тие се неразделни. Тој знаеше колку многу ѝ значи нејзе и сакаше да направи сè што може.“
Мајката на Ејли ја опишува својата ќерка како „принцеза која не запира пред ништо за да преживее“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top