| четврток, 6 декември 2018 |

Позната иднината на Антиќ


Турскиот гигант Фенербахче имаше успешна сезона, откако дојде до посакуваната титула во Евролигата, а ја оправда и фаворитската улога во домашното првенство.

Токму поради тоа, медиумите во Турција пренесуваат дека Обрадовиќ посакува да го задржи моменталниот ростер на играчи, па понудени им се нови договори на Богдан Богдановиќ, Костас Слукас, Џиџи Датоме и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Антиќ имаше солидна сезона во дресот на Фенербахче, каде во Евролигата просечно играше 13,33 минути, бележеше по 4,2 поени, 2,4 скокови и 0,6 асистенции по натпревар.

Моментално Антиќ со својата фамилија е на одмор, каде размислува и што ќе му одговори на селекторот Јорданчо Давитков, дали ќе се врати во репрезентацијата или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top