| четврток, 6 декември 2018 |

Среќен сум што Колинда ми го украде шоуто-вака Вучиќ одговори на написите во медиумите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одговори на написите на медиумите кои тврдат дека Колинда му го украла шоуто на свеченоста на инагурацијата, дека тоа е во ред, но и дека е среќен што шоуто му го украле и другите гости, бидејќи сите биле дел од убава свеченост, која не била натпревар, туку соработка и меѓусебно советување.

-Тоа е во ред, тоа се внатрешни работи. Шоуто ми го украдоа и пресреќен сум поради тоа и поради претседателката на Хрватска и претседателите на Црна Гора, Македонија, тројцата членови на Претседателството на БиХ, Борут Пахор, кој сепак најде време да дојде, како и на премиерите на Унгарија, Австрија и многу други- им рекол Вучиќ на новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top