| четврток, 6 декември 2018 |

Ја тепал и со раце и со нозе-стравични детали за насилството на познатиот актер

Поранешните менаџери на Џони Деп, со кој во моментов се суди, откриле нови детали на неговиот однос со поранешната сопруга Амбер Херд.

Нив актерот ги тужел, бидејќи, според неговото мислење, тие играле со неговите пари, додека тие тврдат дека тој сам си е крив за проблемите со финасиите во кои западнал.

Сега американските медиуми ги објавиле судските документи во кои менаџерите на компанијта ТМГ откриле дека Деп ја злоставувал Амбер.

Тие потврдиле и дека пораките кои актерката ги пуштила во јавност, а во кои асистентот на Џони и пишал на Амбер дека му жал што Џони ја тепал, се автентични.

Актерот тогаш тврдел дека пораките Амбер ги измислила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top