| четврток, 6 декември 2018 |

Мето Јовановски доби меѓународно признание – Актер на Ју­го­и­сточ­на Евро­па (видео)

meto jovanovskiКре­а­тив­но­ста ни­ко­гаш не уми­ра, ми ре­че еден од нај­до­бри­те акте­ри на ма­ке­дон­ска­та сце­на, Ме­то Јо­ва­нов­ски, за вре­ме на на­ши­от раз­го­вор во сеп­тем­ври ми­на­та­та го­ди­на. Кре­а­тив­но­ста е таа што го во­де­ла низ го­ди­ни­те, кре­а­тив­но­ста е таа што пра­ви и де­нес да би­де при­су­тен на те­а­тар­ска­та и на филм­ска­та сце­на. Кре­а­тив­но­ста му го до­не­се и го­ле­мо­то ме­ѓу­на­род­но приз­на­ние во Па­риз, актер на Ју­го­и­сточ­на Евро­па, што го до­де­лу­ва Фе­сти­ва­лот на Ју­го­и­сточ­на Евро­па.

Со сце­ни од  „Тај­на­та кни­га“ на кои се по­ја­ву­ва поз­на­ти­от фран­цу­ски актер Тје­ри Фре­мон, пре­ку фо­то­гра­фии и ин­сер­ти од це­ла­та не­го­ва  ка­ри­е­ра, од пр­ви­те се­рии, фил­мо­ви, те­а­тар­ски прет­ста­ви , при­сут­ни­те на ве­чер­та на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та по­све­те­на на на­ши­от актер­ски ве­ли­кан Јо­ва­нов­ски се за­поз­на­ле, при­се­ти­ле на  не­го­ви­от актер­ски жи­во­тен пат. Прет­став­ни­ци­те на УНЕСКО, ка­ко и тие од ви­со­ки­от оп­штес­твен и кул­ту­рен жи­вот во Фран­ци­ја не го кри­е­ле оду­ше­ву­ва­ње­то од  де­сет­ми­нут­но­то ви­део за па­тот на Јо­ва­нов­ски во умет­но­ста. Ток­му Тје­ри Фре­мон му ја до­де­лил на­гра­да­та на ма­ке­дон­ски­от актер.

Чест и при­ви­ле­ги­ја е, наг­ла­сил Ме­то Јо­ва­нов­ски, да се со­ра­бо­ту­ва со врв­ни те­а­тар­ски и филм­ски ими­ња. Тој ја иска­жал сво­ја­та бла­го­дар­ност за си­те тие од кои учел  и се над­гра­ду­вал ка­ко умет­ник. При­тоа не за­бо­ра­вил да оста­ви про­стор и за Па­риз, „за гра­дот на умет­но­ста, гра­дот на свет­ли­на­та, свет­ска­та кул­тур­на ме­тро­по­ла во ко­ја со ве­ко­ви се не­гу­ва­ат уни­вер­зал­ни кул­тур­ни вред­но­сти“.

Разговорот со Мето Јовановски можете да го прочитате во утрешното издание на неделникот Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top