Владата ќе го реконструира плоштадот Таксим и покрај протестите, најави турскиот премиер Ердоган од Тунис, пред да се врати во Турција. Тој повторно обвини за вмешаност на терористички организации во демонстрациите кои десетти ден беснеат низ градовите.
„Меѓу демонстрантите има екстремисти и нивни приврзаници“, посочи Ердоган, поврзувајќи ги со нападот врз американската амбасада во Анкара во февруари, за што одговорност презеде левичарска екстремистичка група. Тој додаде и дека седум странци се уапсени поради вмешаност во протестите, но не прецизираше за нивната националност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



