| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Соседите не ни се извиниле за минатото, а ние ќе менуваме учебници (ВИДЕО)

Најавата на премиерот Зоран Заев во текот на посетата на Бугарија дека Македонија ќе ги преиспита и промени формулациите во историските учебници во духот на добрососедството, наиде на силна реакција на јавноста. Дополнително својата идеа Заев ја објасни со чекорот што тој го презел во Струмица, каде што од споменик ја тргнал формулацијата „фашистички окупатор“, која се однесувала за Бугарија во периодот од 1941 до 1944 година.

Во таа насока и новинарот Ивановски сугерираше дека Македонија треба да добие извинување од соседите за неправдите кои ги вршеле кон Македонија во минатото како основа за градење на добрососедство.

-Нам досега никој не ни се извини од нашите соседи за она што го направија, ниту Грција, ниту Бугарија, ниту Србија, ниту Албанија. Тоа отсуствува. Односот на тие држави кои направиле нешто во Македонија, тоа е окупација, насилна асимилација итн., мора да се расчисти. Тие нации мора да се издигнат над тоа ниво – рече Христо Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top