| четврток, 6 декември 2018 |

За сообраќаен прекршок, за на лекар, за вработување: Членската книшка на СДСМ станува втора лична карта (ВИДЕО)

СДСМ влегува во четвртата недела од владеењето во духот на канибалската политика што ја промовира Заев. Заев, кој се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, вети дека кога ќе дојде на власт ќе ги смени сите, од директор до чистачка, и на нивното место ќе донесе свои партиски луѓе.

Денеска, пратеникот Курто Дудуш објаснува што значи тоа за обичниот човек, во секојдневниот живот. На оваа скандалозна видеоснимка ќе слушнете како социјалдемократите смислиле да ги решаваат проблемите.

На средба со граѓани, Дудуш објаснува зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ.

Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top