Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“. До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.
На кратко, пред се би ве потсетиле на рефренот од истиоимениот текст, а потоа ќе ви ја откриеме и целата вистина на авторот кој стои зад трагичните зборови.
„Помеѓу врати и прозорци
на кревет спомени лежат
тука се моите чекори
но како олово тежат
Моја си замка паднав и спијам
сите си мислат дека се кријам
нема да пројде само од себе
се ме боли после тебе !“
Се зборува, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата казна за убиство на љубовникот на нејзината сопруга.
Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.
Кружат гласини и дека затвореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило
Но, секогаш постојат два правци, две приказни, две вистини, две легенди. Втората приказна е сепак малку поблага помалку драматична. Таа објаснува дека сепак станува збор за затвореник, но тој не одлежувал казна за убство, туку за кражба на банка. А песната била напишана за неговата девојка.
На што ќе верувате вие тоа останува на вас самите.
Извор: Шеталиште
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)