Во април годинава се издадени 241 одобрение за градба, што е за 20,5 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија, нивната предвидена вредност е за 23,4 проценти повеќе во однос на април минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 190 (78,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 21 (8,7 проценти) за објекти од нискоградба и 30 (12,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 241 објект, на 187 (77,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти (22,4 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 стан, со вкупна корисна површина од 34.818 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


