Мексиканката Марија Феликс Нада родена далечната 1900 година се соочила со сериозен проблем кога уште пред седум години државата престанала да ѝ исплаќа пензија. Заради бирократско ограничување, државата во нејзиниот случај се држела до правилото дека граѓаните постари од 110 години немаат право на пензија.
Таа изминативе години се соочувала со сериозни егзистенцијални проблеми, не можела да си ги лекува очите и се довела до состојба на неухранетост.
Сепак, старицата не се откажала од борбата и решила да тужи, а судот досудил во нејзина корист. Сега освен отштетата, која била определена, банката треба да ѝ ги исплати сите пензии, кои не ѝ ги дала изминативе седум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата