Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша, почина вчера во Белград во 49 година од животот. Беше со ведар дух и полн со оптимизам, а неговата мајка Зора Митиќ во потресна исповед открила дека тој последните денови ги поминал под огромен стрес и болка во душата.
-Му останаа должни пари, тој од свои пари ги плаќаше актерите, а веќе немаше доволно. Тој многу се нервираше, не можеше да спие и јаде со денови. Некои колеги го тужеа за пари, некои простија.Како кој…Секој ден се нервираше, а немаше пари, бидејќи должниците не му враќаа. Сето тоа го уби-изјавила мајка му на Ѓоша.
Таа раскажала дека Ѓоша го заболелео и тоа што во некои медиуми се појавија информации дека тој наводно е фатен со 50 грама кокаин, што тој го демантирал.
-Постојано ми зборуваше да не се грижам и еве што се случи. Мојот син беше многу врзан за семејството, но поради сите проблеми, него веќе го нема- раскажала низ солзи неговата мајка.
Актерот ќе биде погребан денеска во неговото родно Власотинце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.