| четврток, 6 декември 2018 |

Сопартиецот на Каракачанов, Вангелов: Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку иста историја (видео)

Борис Вангелов, пратеникот во бугарското Собрание од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и член на раководството на партијата во интервју за бугарската национална телевизија, БНТ1 за емисијата „Денот започнува“ од оваа утро вели дека Бугарите и Македонците немаат заедничка историја, туку имаат иста историја. За Вангелов заедничкото славење на Илинден е револуционерен акт.

-Ние веќе гледаме, обид од страна на еден дел на македонската политичка елита, од страна на Зоран Заев, која се обидува да ги подобри односите со Бугарија затоа што ние сме блиски, ние немаме заедничка историја, ние имаме иста историја со нашите браќа во Македонија, така што тој период кој помина во последните 27 години, тоа генерирање на антибугарско расположение, на антибугарско зборување, Бугарија не можеше да го остави без внимание – вели Вангелов.


Вангелов го коментира и поклонувањето на Заев пред споменикот на „Самуил цар на Бугарија“:

-Бугарскиот премиер и македонскиот премиер се поклонија на споменикот на Самуил – цар на Бугарија, вторo бугарскиот премиер спомна дека нема ништо подобро од тоа да чествуваме и личности како Тодор Александров и Вапцаров.

Според Вангелов, заедничкото чествување на Илинден би било револуционерен акт:

-Чествувањето на Илинден. Илинденското востание може да биде првиот, како како првиот најзначаен датум, што вистински ја покажува нашата, како што кажав, не заедничка, туку една иста историја до 1944 – 1945 година. И ако тоа се реализира би било, навистина, револуционерен акт, да не звучи претенциозно, но би било револуционерен акт во нашите односи, заедничкото чествување на Илинденското востание. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top