Поттокнат од последните настани, професорот и академик Горазд Росоклија се огласи на „Фејсбук“, каде под наслов „Кон дното на личниот морал“ го напиша следново:
КОН ДНОТО НА ЛИЧНИОТ МОРАЛ
.
Многу европски земји имаат заедничка историја во некоја заедничка држава која исчезнала, за после тоа да продолжат да го градат сопствениот идентитет со кој се гордеат денес и според кој ги препознаваме.
.
Австрија и Германија.
Швајцарија со Австрија, Германија, Италија и Франција.
Русија со Украина….
.
Ја имаме и ние со сите околни народи и земји но ние не сме тие, ние сме Македонци, народ и нација!
.
Во кое царство и да живееле нашите претци, во создавањето на чија историја и да учествувале, било како војници, било како креатори на цивилизацијата на тие царства, трагата што тие ја оставиле и што ние ја оставаме на овој простор, ја оставаме како Македонци.
.
Може ли да го помислите ова, а да не ве исполни со гордост?
.
Може ли да дозволиме било кој токму тоа да ни го одземе?
.
Можеме ли да бидеме понижени до дното на личниот морал, на кое самите ќе се откажеме од себе и од нашите претци?
.
Конечно, ако ние денес сме недостојни за нашето минато,која би била смислата на нашето постоење како Македонци?
.
Одговорот ќе го дадеме ние, или некој друг ќе одлучи за нас?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Росоклија: Не носат на кланица, а ние очекуваме подобар живот
-
МВР потврди: Насилниците од СДСМ му нанеле тешки телесни повреди, скршен нос, скршена рака и скршени ребра на алпинистот Поповски
-
Нервозата ескалира: Активисти на СДСМ го претепаа 68-годишниот алпинист Поповски
-
Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование