| четврток, 6 декември 2018 |

Нервозата ескалира: Активисти на СДСМ го претепаа 68-годишниот алпинист Поповски

,,Здраво Горазд…Јове го истепаа двајца од СДСМ…има скршени три ребра, левата рака и повредено му е окото. Го задржаа на клиника и ми рече да ти кажам.”, објави на својот Фејсбук профил академикот Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата.
gorazd-rosoklija-1

Јове има 68 години, ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот заклучно со Мт. Еверест кога ни загина Димитар Илиевски ,,Мурато”. Во моментов ми течат солзи и немам зборови но солзите ќе пресушат, напиша Росоклија.

gorazd-rosoklija-2

Соочени со десеттиот изборен пораз по ред, ескалира нервозата кај СДСМ и нивните поддржувачи, кои почнаа да се служат и со насилство поради тоа што немаат поддршка од мнозинството граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top