| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице загина во Холденштад од торнадото

Едно лице загина откако торнадо помина низ градот Холденштед, кој се наоѓа во северниот дел на Германија.

Маж седел во својот автомобил кога бурата откорнала дрво, кое паднало врз него.

Силните ветрови во овој дел на земјата соборија дрвја и гранки на железничките шини и се наметна германскиот железнички оператор „Дојче бан“ да го запре движењето на возови по неколку линии.

„Дојче бан“ објави на Twitter дека ги сопрела возовите на линиите Хамбург-Берлин, Хамбург-Хановер, Бремен-Хановер и Хановер-Волфсбург-Берлин, додека шините бидат исчистени.

Германските метеоролошки служби предупредуваат дека силните ветрови ќе продолжат, можни се исто така обилни врнежи, град и грмотевици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top