Француски брз воз, кој одел 320 километри на час, прегази брачен пар во понеделникот. На почетокот постоело сомнеж дека станува збор за несреќа, но полицијата сега верува дека се работи за самоубиство и убиство, бидејќи жената била врзана за пруга.
36-годишниот Гијом Греми бил автомеханичар оженет со секретарка Емили Ајун, а зад нив оставиле 4 деца. Парот имал брачни проблеми, па последната недела живееле одвоено, а Гијом бил на боледување.
Полицијата ги собрала трагите од телата, кои возот ги влечел со километри и дошле до заклучок дека најверојатно станува збор за убиство и самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.