Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша, почина утрово на 49 години. Според зборовите на близок пријател и сосед, популарниот актер вчера се пожалил на временските услови и здравствените проблеми.
-„Мојот сосед од зградата, кој живееше еден спрат под мене, кажа дека вчера беше многу тешко времето. Едвај се дише. Денес веќе го нема. Бидејќи, тоа е животот.“ – навел во својот Фејсбук статус неговиот сосед.
Веста за смртта на актерот ја потврди директорот на лесковачкиот театар, Станислав Грујиќ, кој наведе дека актерот починал од последица на срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.