| четврток, 6 декември 2018 |

32 милиони кутии со таблети за контрацепција се повлекуваат од европскиот пазар

32 милиони кутии со таблети за контрацепција „цилест“ се повлекуваат од продажба од пазарите во Европа, Азија и Латинска Америка, пренесува „Ројтерс“.

„Цилест“ ги произведува „Janssen Pharmaceuticals Inc“, кои се дел од корпорацијата „Џонсон и Џонсон“, а портпаролот Мишел Романо вели дека повлекувањето на 179 серии е покренато бидејќи една активна состојка во таблетите не довела до „дефинирана спецификација“ во рутинскиот тест. Тестовите покажале дека еден од двата хормони се отпушта побавно отколку што е замислено. Таблетите се достапни во 43 земји во Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top