Зоран Заев од Софија порача дека Македонија затвора едно поглавје на историја на национализам на омраза. Сега во Скопје должи образложение пред македонскиот народ каде го видел национализмот и омразата во однесувањето на Македонија, за сега да врти страница?
Дали национализам и омраза е заштитата на македонскиот јазик, историја, македонците во дијаспората, особено во соседството? Чија омраза ја гледа Заев во негирањето на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет од Софија и од Атина? Чија е омразата и национализмот со непризнавањето на македонскиот пасош, регистарски таблички на автомобилите, нападите врз Македонците? Чиј претседател беше Росен Плевнелиев кој што спроведуваше политика дека „македонизмот“ не смее во ЕУ? Чиј е национализмот кога при обидите за споделена, а не заедничка историја како истакнува Заев, бугарските научници не признаваат македонска нација пред 1944 година? Чија е омразата и национализмот кога се бара измена учебници, а најголемиот противник на македонското постење на бугарските медиуми се радува дека македонските деца ќе ја учеле бугарската историја? Дали е национализам барањето на симетричност во таканаречениот договор за добрососедство во кој што бугарија бара ексклузивност врз македонската историја но и за мешање во внатрешните работи на другата држава?
Заев заборава дека дури и во такви услови и со такви условувања, во обид за надминување на проблемот и омекнување на бугарската омраза и национализам, до сега се одржани најмалку шест средби на работните групи меѓу Македонија и Бугарија, одржани се и заеднички владини седници, МАНУ и БАН заседаваа до каде можеа, беа понудени дури и заеднички празнувања со Софија. Со Атина и покрај сите блокади, постоеја редовни обиди за комуникација на различно ниво, се договараа мерки за градење доверба, се предлагаа дури и декларација за пријателство и соработка, со заеднички образовно-историски комитет.
Оттука, Заев треба да објасни дали со пораката за затворање на поглавјето се согласува и се приклучува на бугарското и грчкото непризнавањето на македонскиот народ, јазик, историја, посебност? Дали за Заев се согласува дека Македонците се вештачка „творевина“ од 1944 година на србокомунистите со сталинистички метод за бришење на бугарското од нив? Дали Заев е согласен учебниците да се прилагодат според Божидар Димитров и Македончињата да ја учат бугарската историја? Дали Заев го заврши поглавјето на македонизмот и почна процес на создавање втора бугарска држава? Дали Заев се откажува од македонската дијаспора и Македонците во соседството? Дали Заев и отстапува ексклузивно право на Софија да се меша во внатрешните работи на Македонија? Дали Заев ќе ги укине македонскиот пасош и македонските регистарски таблички?
И најважното прашање, и ги предаде ли Заев Илинденците на Софија?
Македонската, но и регионалната јавност бара одговори на сите овие прашања, секако заедно со целиот текст на договорот за добрососедство пред тој да биде потпишан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)