| четврток, 6 декември 2018 |

Аутистично момче го нацртало местото на своето страдање

Телото на русокосото аутистично момче Огњен Ракочевиќ (11) од Подгорица било пронајдено пред една година на вливот на Морача во Скадарско Езеро. Негпвиот татко тврди дека момчето ја предвидело својата смрт, зашто неколку години пред трагедијата го нацртало местото.


-Речиси фотографски го нацрта местото на кое е пронајден. Ова е островот Врањина, на врвот на брдото нацртал крст, а над него небо како ореол. Одзади има зелени врби, а тоа што е фрапантно, Оги се нацртал себеси токму на местото на кое е пронајден, вели таткото Бранко Ракочевиќ.

Тој не верува дека се работи за случајност, верува дека таму го одвела Божја рака. Момчето е родено на 28 декември, кога и свети Василиј Острошки, а си заминал на Велигден. Пред црквата „Свети Никола“ го пронашол Никола Улиќевиќ. Интересно е што во тој манастриски комплекс, покрај црквата „Свети Никола“ се наоѓаат темелите на храмот „Свети Сава“ и на црквата „Успение на пресвета Богородица“. Овие свети имиња се појавуваат и на извориштето на Морача, од каде што потекнуваат Ракочевиќи, но и на устието, каде што е пронајдено момчето.

Психолозите се внимателни и не се осмелуват да кажат дека Оги имал сетило преку цртеж да го одреди местото каде што ќе заврши иако велат дека такви работи се случуваат кај аутистични деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top