Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со партиска делегација е во тридневна работна посета на Брисел, а синоќа во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Поранешниот македонски премиер вели дека на Мекалистер и на Туск им порачал дека Македонија треба да почне да преговара за членство во ЕУ, а не да се говори за некакво одмрзнување на препораки и слично.
–Македонија предолго го чека членството во ЕУ, тоа ни е одамна заслужено. Направени се повеќе бранови реформи, секогаш ќе има и нови бранови реформи, меѓутоа предолго се чека за членство во ЕУ и во НАТО, така што укажав дека е време да се најде начин да ѝ се помогне на Македонија да ги почне преговорите. Не да зборуваме за одмрзнување на препораки и слично, да зборуваме за почеток на преговори, отворање поглавја и завршување на тие преговори и членство на Македонија во ЕУ. Подготвени сме да дадеме поддршка во Собранието за сѐ што е од корист за граѓаните и за Македонија. И, нормално, како опозиција ќе го критикуваме тоа што ќе сметаме дека не е најдобро составено и обмислно – изјави Груевски по средбите во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)