| четврток, 6 декември 2018 |

Божидар Димитров: Македонците ќе учат бугарска историја, договорот значи крај на македонизмот

Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Музеј, по повод посетата на Зоран Заев во Бугарија за бугарската емисија „Денот во живо“ потенцираше дека дури и Заев признал дека Македонскиот и Бугарскиот се еден народ и дека поклонувањето на Заев пред Бугарскиот Цар Самоил го потврдува тоа.

– Мислев дека нема да го доживеам тој ден кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје по изјавата пред еден месец и тоа беше господинот Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. И сега ќе се потпише договор. Договорот има една клаузула на прв поглед неиспробана, но ако се исполни договорот прво да се потпише а потоа и да се исполни, како што велат некои мои пријатели, бидејќи има разлика помеѓу потпишување на договор и негово исполнување и тоа означува крај на македонизмот и навистина претворање на Македонија во втора бугарска држава, не така наеднаш туку постепено, рече Димитров.

На новинарско прашање: Но тоа никаде не го пишува во договорот, Димитров одговора:

Пред кражбите на историјата мила моја. Што ќе учат македонските деца? Кажи ми?
На новинарско прашање: „Како ќе гарантирате дека учебниците по историја ќе бидат почитувани, ќе бидат напишани така како што треба и тоа што вие го имате како ваша мечта навистина ќе се оствари?“, Димитров вели:

-Ако бидат напишани како што треба тие ќе учат бугарска историја. Ќе учат како до 44-та година, 1300 години како ги споделувале сите премрежија и победи на бугарскиот народ, порази и победи и како 1944-та биле принудени од една тоталитарна држава како комунистичка Југославија да станат, друг народ различен од бугарскиот. И по тоа поминаа многу години но сега ќе учат. За време на управување на премиерот Борисов и премиерот Зоран Заев е постигнат еден договор кој ги постави темелите на еден процес.

Запрашан како го коментира поклонувањето пред споменикот на Цар Самоил, Димитров додава:

-Погледнете како пишува таму Самоил Цар на Бугарија, македонски премиер доаѓа и положува венец на Самоил Цар на Бугарија. Тоа е како гарант дека ќе го потпише договорот на втори Август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top