| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ во наредните 2-3 дена ќе одлучи дали пак ќе го облече репрезентативниот дрес

Најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ, во наредните 2-3 дена ќе одлучи дали настапи во претквалификациите во кои нашата репрезентација е во група со Косово и Естонија.

Несомнено е дека кошаркарот на турски Фенербахче, кој госинава по трет пат ја освои Евролигата, ќе биде од голема корист за новиот селектор Јорданчо Давитков во претстојните претквалификации доколку повторно го облече „црвено – жолтиот“ дрес.

Тој искажа пофални зборови за шефот на стручниот штаб, со кого има одлична соработка изминатите години, но исто така најави дека ќе направи се за да и помогне на репрезентацијата да се пласира во квалификацискиот циклус, и да ја подигне селекцијата на едно повисоко ниво.

Тука сум пред се поради играчите, стручниот штаб и директорот. Мило ми е што Давитков се врати во репрезентацијата. Имав одлична соработка со него во претходните години, па поради тоа ќе размислам и за два до три дена ќе ја донесам мојата одлука. Се што треба би направил за репрезентацијата, пред се поради селекторот, Тоше Гечевски, за играчите, ќе направам се што е во мој домен. Уште пред неколку години изјавив дека ставам крај на репрезентативната кариера. Сакам да поминам одреден период со мојата фамилија, но исто така да и помогнам и на репрезентацијата, изјави Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top