| четврток, 6 декември 2018 |

Заев да биде избран за почесен и доживотен претседател на Република Бугарија

ИСПРАВКА. Погрешив кога на 11.12.2016 година предложив господинот Заев да биде избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Сега, после неговата посета на Република Бугарија, ја сфаќам мојата грешка и длабоко се извинувам пред целата македонска и светска јавност. Не, господинот Заев, а сега и премиер на Република Македонија, треба веднаш, без какво било двоумење, да биде избран за почесен и доживотен претседател на Република Бугарија – стои во Фејсбук статусот на Љубомир Цуцуловски.

Тој додава:
Меѓутоа, почитувани, како можев тогаш да предвидам до каде сѐ може да дотера оваа фантастична личност? Затоа, уште еднаш, длабоко се извинувам за мојата тогашна заблуда, со длабок непоклон кон фигурината Заев.

P.S. Наградно прашање: Може ли фигурината Заев да објасни како заеднички ќе се прославува нападот на Участокот во Прилеп од 11.10.1941 година? Кој погоди, ќе стане незаменлив заменик на Заев, со реална можност да биде номиниран за Нобелова награда за…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top