| четврток, 6 декември 2018 |

Опасни пораки од Софија: Заев ќе ги менува учебниците „во духот на добрососедство со Бугарија“ (ВИДЕО)

Македонската јавност е ужасната од леснотијата со која Заев на дланка ѝ ја подарува Македонија на Бугарија.

По вчерашното потхранување на бугарска хегемонија со подарувањето на Илинден, најголемиот македонски празик, денеска Заев излезе со опасна изјава, во која вели дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави.

Тоа значи дека македонските деца наместо македонска, ќе учат заедничка, односно бугарска историја.

Заев им го предаде Илинден на Бугарите: Го отстапи најголемиот македонски празник

На ваквите срамни и скандалозни изјави на Заев реагираат дури и самите социјалдемократи.

“На прашање на бугарските новинари Заев одговори дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави.“ Како?, напиша Софија Куновска на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top