| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Зошто сега ВМРО ви е криво што Заев ја распродава Македонија?

Груевски бараше 63 пратеника, не му дадовте, зошто сега ВМРО ви е криво што Заев ја распродава Македонија? Што да направи ВМРО ДПМНЕ со 51 пратеник? Што мислевте кога гласавте за Заев? Зарем мислевте дека измислуваме кога алармиравме дека ќе се случи ова? – пишува политичкиот аналитичар, Никола Србов, на својот фејсбук профил.

Тој запраша: Свесни ли сте дека ова е поопасно и од спорот со Грција? Свесни ли сте дека со ова се уриваат столбовите на државноста?

Понатаму додава:
Тој, Груевски, за кого не гласавте а сега го прозивате, 11 години не дозволи да се случи вакво нешто. Истиот тој Груевски за кого не гласавте а сега го прозивате даваше отпор на сите притисоци врз Македонија. ВМРО ДПМНЕ пак ќе биде тука на браникот на националните интереси, но не заборавајте, Груевски на еден митинг истакна „немојте после некој да речете ‘што не ни кажавте’, после такви грешки нема назад“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top