| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Кога државата минува низ најкритични моменти, ВМРО-ДПМНЕ го има одговорот

ВМРО-ДПМНЕ до сега се има докажано дека кога државата е донесена до најкритичните моменти токму тие го имаат одговорот, изјави Никола Србов во интервју за Тв Нова. Тој додаде дека доколку ВМРО било организација низ историјата која војувала со пушка и се борела за да создаде македонска држава, денес ВМРО-ДПМНЕ е движење кое се бори за македонската држава со проекти и унапредување.

– Доколку порано патриотизмот се претставувал преку вооружена борба за да се стигне до ова што го имаме денеска, денеска патриотизмот претставува работа за напредок на државата како нова ифраструктира, раст на економијата, нови работни места, благосостојба на граѓаните на Република Македонија, раст по сите параметри во економијата, солидно и добро образование, денеска патриотизам е сите граѓани да добијат ново солидно здравство, посочи Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top