| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Бекер банкротираше!

Легендарниот тенисер Борис Бекер банкротираше. Кристин Дерет, судијката во Лондонскиот виш суд, која своевремено го гледала Бекер во живот, како освојува титула на Вимблдон, ја одбила молбата на неговите адвокати уште еднаш да се продолжи рокот за враќање на насобраните долгови.

Трикратниот освојувач на Вимблдон (1985, 1986 и 1989 година) брзо по завршување на кариерата го потрошил богатството и влегол во долгови од кои со тим составен од адвокати со години се обидуваше да се извлече.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top