| четврток, 6 декември 2018 |

Инфантино: Видеотехнологијата е иднината на модерниот фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја опиша видео-технологијата како иднина на модерниот фудбал, откако оваа технологија за првпат е употребена и на Купот на Конфедерации во Русија.

– Досега сум многу задоволен од видео-технологијата. Видовме како овој систем му помага на главниот судија да ја донесе вистинската одлука. Тоа е и суштината на оваа технологија. Тестовите на Купот на Конфедерации ни помогнуваат да го унапредиме овој систем. Она што навивачите долго време го посакуваа, сега е реалност. Сега нивните репрезентации нема да можат да бидат оштетени – вели првиот човек на ФИФА.

Оваа технологија веќе неколку пати е искористена на турнирот во Русија, а синоќешната одлука да се признае голот на Австралија крена многу прашина кај фудбалската јавност, бидејќи стрелецот Јуриќ пред да го постигне голот, играше со рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top