| четврток, 6 декември 2018 |

Бобан Николов нема скршеница на палецот, сепак е неизвесен за дуелот со Португалија

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов нема скршеница на прстот од левата нога како што многумина стравуваа по синоќешниот натпревар со Србија во Бидгошч.

Дополнителните прегледи потврдија дека фудбалерот за врска на македонскиот шампион има само набиен прст, но сепак шансите за настап против Португалија во петок во Гдиња се миниминални. Според најавите на селекторот скоро сигурно Николов ќе биде еден од оние фудбалери кои нема да настапат.

Веднаш по завршувањето на Европското првенство Николов ќе се приклучи кон подготовките на Вардар за квалификаиците за Лигата на шампионите и двомечот против Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top