| четврток, 6 декември 2018 |

Ја убив принцезата Дајана-агент на МИ5 на смртна постела го призна злосторството

Пензионираниот агент на МИ5, Џон Хопкинс(80), призна низа од неверојатни убиства откако излезе од болница во Лондон, каде му било кажано дека има уште неколку недели живот. Поради тоа тој не сака да умре, а да не ја каже вистината.

Хопкинс тврди дека бил вклучен во 23 убиства на британската разузнавачка служба меѓу 1973 и 1999 година, вклучувајќи го и убиството на принцезата Дајана.

За принцезата Дајана тврди дека била единствена жена што ја убил и единствена личност од кралското семејство.Таа исто така била единствена жртва чија смрт ја нарачало кралското семејство. Хопкинс вели дека се чувствува амбивалентно поради смртта на принцезата Дајана. Од една страна таа била убава, љубезна  жена која не заслужувала да и биде прекинат животот, но од друга страна, според неговото мислење, ја загрозувала британската круна.

 

-Кралското семејство имало докази дека таа планира да се разведе од Чарлс. Знаела премногу кралски тајни. Мојот шеф ми рече дека мора да умре. Примил наредба директно од принцот Филип и моравме тоа да го направиме да изгледа како несреќа. Никогаш претходно немав убиено жена, а помалку принцеза, но ја извршив наредбата. Го направив тоа за земјата и кралицата. Следната фаза на високо ниво беше вклучување на медиумите кои ја одработија својата работа. Беше тоа добро организирана и водена операција. Британските новинари им одговараат на своите уредници кои пак сакаат да се додворат на злосторниците од Бакингамската палата. Нема слободен печат во Британија- рекол Хопкинс.

Тој додал дека секоја истрага за аферата била тешко да се докаже, а повеќето негови колеги во меѓувреме умреле, вклучувајќи го и неговиот шеф, кој му наредил да го изврши убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top