Бомбашот кој носел експлозивна направа околу појасот на главната железничка станица во Брисел е ликвидиран. Како што тврдат очевидци, тој извикувал „Алах Акбар“. Настанот се случи вечерва, кога беше затворена централната железничка станица во Брисел.
Според странските медиуми полицијата застрелала маж кој носел експлозив. Одекнале експлозии на станицата која веднаш била евакуирана.
Полицијата го евакуирала и главниот плоштад во Брисел и го блокирала реонот околу централната станица.

Полицијата соопшти дека засега ситуацијата е под контрола.
Засега нема информации за повредени, но забележани биле возила на Брза помош како се упатуваат кон местото на инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


