Со премиерот на Бугарија, Борисов, заеднички положивме цвеќе на споменикот на Цар Самoил во Софија, е натписот на фотографиите објавени на официјалната Фејсбук страна на Зоран Заев.
На фотографиите кои пак се појавија во бугарските медиуми се гледа како Заев положува цвеќе на споменикот пишува „САМОИЛ Цар на Бугарија“.
Медиумите блиски до Социјалдемократскиот сојуз ги избегнуваат овие две фотографии. Објавуваат дека Заев положил цвеќе, но тоа го поткрепуваат со фотографија направена од страна, на која не се гледа натписот на споменикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.