| четврток, 6 декември 2018 |

Вулкан на Бали вторпат за една недела исфрли пепел

Вулкан на индонезискиот туристички остров Бали денеска проработи, вторпат за една недела. Властите соопштија дека нивото на предупредување останува непроменето, бидејќи ерупцијата е мала.
Националната агенција за катастрофи соопшти дека столбот на пепелот на вулканот на планината Агунг пораснал до 1.500 метри во висина.
Портпаролот на агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека предупредувањето и натаму е на второ ниво и дека не се забележани сеизмички активности, а зоната на исклучување на вулканот се протега на 7,5 километри од кратерот.
Како што наведуваат локалните медиуми, 25.000 лица не можат да се вратат во своите домови од септември, кога вулканот на Агунг првпат даде знаци на активирање, по повеќе од половина деценија мирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top