| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат на неработењето на градоначалникот Дамјановски (видео)

Денеска во Куманово портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Срѓан Ивановски имаше изјава за медиумите по поради сообраќајниот хаос во овој град. Го пренесуваме интегралниот текст од изјавата.

Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат на неработењето на градоначалникот Дамјановски и екипата роднини и пријатели, кои удобно ги смети во фотељата на општината.

Одговорноста лежи кај неодговорноста на градоначалникот.

Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е случај.

Граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација. Каде се и автобуските постројки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив воопшто нема.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на јавниот градски превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постројки и нов лик на градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер чекајќи го градскиот превоз кој понекогаш доцни, се заслонуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговските локали.

Официјалниот мандат на градоначалникот заврши, сега тој моментално го игра неговото продолжение.

Градоначалникот како и изминатите години, така и сега абер нема од отчет пред граѓаните. Причината е јасна, нема што да каже.

Ветеното во нивниот леток за локални избори, остана само празно ветување на хартија.

Избори се ближат! Следи судот на народот!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top