Хрватскиот писател Ренато Баретиќ е јунски гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“. Во текот на јуни, во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточно Европа „Апсолутно модерен“, во Скопје престојува хрватскиот писател Ренато Баретиќ.
Ренато Баретиќ е роден 1963 година во Загреб, а живее и работи во Сплит. Тој е новинар и писател, кој од 1983 година живее само од пишување. Студирал политички науки и компаративна книжевност и фонетика на Филозофскиот факултет во Загреб. Повремено работи како филмски и телевизиски ко-сценарист (на филмот Што е маж без мустаќи, сериите Ново доба и Црно-бел свет 2). Од 2007 година е уредник на програмата на фестивалот Причигин во Сплит. Од 2011 до 2015 година бил член на управниот одбор на Хрватското друштво на писатели, а и понатаму е претседател на сплитскиот огранок од друштвото. Од 2012 го води практичниот дел од наставата во сплитската Куќа за креативно пишување.
Баретиќ е добитник на бројни награди за своите дела. Со романот Хотел Гранд бил финалист за неколку книжени награди во 2008 година, а со романот Зборувај ми за неа објавен во 2006 година бил полуфиналист за наградата Утрински лист за истата година. Со романот Осмиот повереник (2003), освоил пет значајни национални награди, а според овој роман во 2006 година е поставена претстава на сцената на Хрватскиот народен театар во Сплит.
За време на својот престој во Скопје, Баретиќ работи на ракописот за театарската комедија Хасан, во која зборува за бегалците од Блискиот Исток и нашиот однос кон нив. Исто така, за време на резиденцијата води дневник кој потоа ќе се искористи за некое идно книжевно дело. Една од целите на неговиот престој е и активно присуство на книжевните настани во земјата, како и претставување пред македонската книжевна јавност.
Програмата на книжевната резиденцијална за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“ е во организација на издавачката куќа Готен, а се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Давид Фоенкинос: Романот се пишува и кога не сум седнат зад компјутер!
-
Почина писателот Есад Бајрам
-
Јуси Адлер-Олсен, дански писател: Политичарите во Европа едноставно повеќе не се способни, едноставно не се добри!