Футсал екипата на Интер Мувистар е шампион на Шпанија, откако во големото финале беше поуспешна од лутиот ривал Барселона.
Во одлучувачкиот натпревар од финалната серија на плејофот на шпанското футсал првенство, Интер славеше победа од 2-1, а најзаслужен за истата беше првата ѕвезда на тимот Рикардињо. Човекот кој одушевува со своите футсалски магии, синоќа сервираше уште една и во самиот финиш од мечот постигна спектакуларен гол, кој значеше победа и нова титула за својот тим.
На овој начин шпанскиот тим ја заокружи фантастичната сезона, освојувајќи три трофеи. Покрај пехарот од домашното првенство се закити и со оној на Купот на Шпанија, како и со најпрестижниот од УЕФА футсал Куп (Лигата на шампионите).
Asi decide la Liga @ricardinho 🔝 Enhorabuena @InterMovistar 🏆 pic.twitter.com/pwmUPyoOK6
— Birras Lovers RCDE (@BirrasLovers) June 19, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)