Се судрија приврзаниците и противниците на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во градот Ризе. Нема многу информации за случајот освен дека поголема толпа симпатизери на Ердоган и Партијата на правдата и развојот (АКП) се нафрлиле врз помала група учесници на антивладините демонстрации. Интервенирала локалната полиција за да спречи поголема физичка пресметка.
Во меѓувреме, во Истанбул, Анкара и во други градови низ Турција веќе десетти ден продолжуваат демонстрациите со кои се бара повеќе демократија, слобода на медиумите и запирање со исламизацијата на турското општество.
Обвинувањата на демонстрантите се во нсока на буталноста на полицијата, „авторитарноста“ на премиерот Ердоган со која се газат принципите на „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк.
Турскиот премиер денеска се враќа од својата неколкуденвна турнеја по земјите на Северна Африка. Заменик-лидерот на владејачката АКП, Хусеин Челик, ги повика приврзаниците на Ердоган да не доаѓаат на анкарскиот аеродром како израз на поддршка.
– На премиерот не му треба претстава за неговата моќ – изјави Челик за турските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.