Откако е потврдено дека во редовите на ИСИС загина џихадистот Лаврим Мухаџери од Качаник, Косово, медиумите градот го опишуваат како „Џихадистичка престолнина во Европа“. Се наведува дека многу млади од таму заминуваат во редовите на џихадистите, од каде, се додава, многумина нема да се вратат. Иако на Косово законите се ригорозни за приклучување во терористички организации, домашните милитанти и натаму имаат големи симпатии кај населението.
Качаник својата неславна титула ја заработи уште во 2012 година, а новите разузнувачки информации и натаму велат дека Косово и натаму е „фабрика за радикали“ и дека законските решенија не ја сопрела тенденцијата.
На почетокот на годината беше убиен и Ривдан Хачифи, пријател и соборец со Мухаџери, поранешен имам од Гњилане. Мухаџери повикуваѓе млади Албанци да убиваат низ Балканот, по што седуммина кои тргнале по неговиот повик, се уапсени. И Хачифи исто така повикуваше на убиства на „неверници“ и приклучување во „светата војна“,
Иако косовските политичари велат дека радикализмот е намален, невладините организации предупредуваат дека затворените радикали во затворите ја шират идеологијата и регрутираат нови членови кои по излегувањето ќе тргнат за Ирак или Сирија.
Се додава дека на сиромашните им се плаќа храна, потоа грижа за семејствата, им се нуди заштита и полека се придобиваат.
„Њујорк Тајмс“ пишуваше дека токму Саудијците се виновни за тоа што Косово се претвори во центар на вахабизмот, конзервативно исламско движење кое одобрува и насилна преобразба на неверниците. Додава дека пред очите на Американците, Саудијците го преземале Косово и го претвориле во центар за исламски екстремизам.
Властите во КАчаник се категорични дека ги исфрлиле радикалите од градот, но признаваат дека некои екстремисти едноставно преминале во илегално делување и продолжиле во приватни објекти. Населението говори за колиби во шумите во кои екстремистите држат состаноци и проповеди, а ги чуваат вооружени стражари, пишуваат косовски и странски медиуми.
За постојаната терористичка закана од Косово сведочи и случајот од мај годинава кога беа уапсени четири лица за кои се сомнева дека се членови на организацијата „Око на народот“ (Syri i popullit), која од Приштина е прогласена за криминална организација. Четворицата уапсени се посочени дека подготвувале терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.