| четврток, 6 декември 2018 |

Нелоски: Наместо идните студенти да размислуваат на кој смер да студираат, сега ќе мислат дали имаат пари за студии

Ако по денот се познава по утрото, Рената Дескоска како министер за образование ќе биде еден од најголемите дереформатори, оценува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски за вестите на Алфа телевизија.

-Новата министерка успеа во првите неколку недели да ги остави за прв пат по долги години студентите од „Гоце Делчев“ во сред испитна сесија без струја. Тоа е еден од нејзините успеси во минатиот период. Освен дисперзираните студии најавија укинување и на Кембриџ програмата. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период гледавме да правиме работи кои се позитивни за младите луѓе. Да правиме проекти, реформи од кои бенефит ќе имаат и студентите и средношколците. Наместо министерката да гледа што е лошо во Кембриџ и каде може да има подобрување или да гледа како да ги подобри условите во училиштата, таа најавува дека ќе ја укине оваа мерка без никаква анализа на резултатите, ниту најава за некаква дебата, ниту да се слушне гласот на средношколците-посочува Нелоски.

Нелоски ја критикуваше и одлуката за укинување на дисперзираните студии, со што студентите повторно се рангираат по социјален статус. Тој посочи дека е укината мерка која во изминативе неколку години ја користеа голем број на студенти, наведувајќи ги предностите на дисперзираните студии.

-Прво уписнината за овој вид на студии е помала, потоа трошоците на семејството за еден матурант да студира дома или во околината на нивното живеалиште е многу помала отколку да го напушти родното место и да оди во студентските центри. Сметам дека оваа одлука не е правилна и најпрво требало да се прашаат оние кои ги засега пред да се донесе ваква одлука. За едно семејство да прати матурант да студира некаде надвор од своето родно место во просек потребна е една просечна плата плус на семејните примања која не сите ја имаат. За разлика до сега кога матурантите размислуваа каде да студираат, односно на кој смер и кој факултет сега размислуваат во две насоки. Првиот избор е некако нивните родители да најдат средства дополнителни за да можат да отидат во Скопје, Штип, Битола, Охрид за да студираат или пак да не студираат и да не го продолжат образованието- додава Нелоски, кој очекува сите започнати проекти во врска со младите ќе продолжат, но и дека ќе се реализираат и останатите проекти д кои што директен бенефит ќе имаат младите луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top