| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија во шок: Со нож убиен познат актер

Словенија е шокирана по насилната смрт на Гашпер Тича, актер и претседател на националното Друштво на драмските уметници, кого во неделата во неразјаснети околности во неговиот дом во стариот дел на Љубљана, со нож го уби 20- годишник.


Осомничениот за убиството на 44 годишниот Тича е во притвор, пренесува државната агенција, но идентитетот не се открива. Полицијата продолжува со истрагата и не открива детали за злосторството.


Неофицијалните информации во словенечките медиуми велат дека 20-годишникот осомничен за убиството сам телефонски се јавил во полиција и признал дека го убил актерот. Други извори тврдат дека околу 21 часот ги повикале соседите на актерот заради чудна галама и бука која доаѓала од неговиот стан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top