Душан Ивковиќ го објави поширокиот список со српски репрезентативци за Евробаскетот 2013 година, а медиумите кај нашиот северен сосед велат дека популарниот Дуда премногу ги измешал картите. Меѓу повиканите е и Милош Теодосиќ, кој беше повреден и првично се најавуваше дека нема да игра во Словенија. Ивковиќ, сепак, е искусен волк и повика и неколку прекалени борци од калибарот на Ненад Крстиќ, Душко Савановиќ, Новица Величковиќ…
Интересно е што за Србија ќе игра Владимир Мицов, кошаркар на кој за претходните акции на нашата репрезентација му беше понудено да игра за Македонија. Србија е во групата во Јесенице, со нас, Летонија, Литванија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.