Зоран Заев и СДСМ, во изборниот период насекаде зборуваа за наводна департизација на државата и одвоеност на партијата од државата која требало да се спроведе, за сега Оливер Спасовски во исто врмее да биде и министер во МВР и потпретседател на СДСМ.
„ Професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите вредностите од аспект на еднаквостите и рамноправноста на граѓаните се сериозни пораки се сериозни пораки зад кои што сите застануваме “ – рече Заев во април минатата година пред првиот термин за одржување на парламентарните избори, за сега да видиме дека се било само празни зборови.
Имено Спасовски, до неодамнешен генерален секретар на партијата сега седна на позицијата потпретседател на партијата, за во исто време да ја извршува и функцијата министер за внатрешни работи.
За споредба кога поранешната министерка за внатрешни стана министер, си поднесе оставка на партиската функција генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Но овој пат не е истиот случај со СДСМ, тие кои најмногу зборуваа за наводна партизација сега на дело истата ја спроведуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)