| четврток, 6 декември 2018 |

Партизација на МВР: Заев го назначи министерот за партиски потпретседател

За нов генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски. Со ова на виделина излезе лицемерието на СДСМ кои во минатото обвинуваа за партизација, а сега, кога ја имаат власта, тоа го практикуваат директно на дело.

Во периодот пред изборите за лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, проблем беше Гордана Јанкулоска да биде и министер и носител на листа, бидејќи требало да се знае „што е партија, а што е држава“. Но, сега Заев со поинаков став. Сега за него не е проблем министерот за внатрешни работи да биде и потпретседател на партијата.

-Не може Гордана Јанкулоска да биде ем носител на листа, ем министер, говореше Заев.

Дојните стандарди на Заев се потврдуваа уште тогаш, така што техничкиот министер за внатрешни работи Спасовски беше поставен за носител на втората изборна единица. Тој беше и носител на листа, и министер со сите полицајци на избори, баш онака како што во случајот со Јанкулоска за Заев не беше прифатливо.

Дополнително, министерот Спасовски сега е поставен за потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз. Со ова партијата ја продолжува целосната партизација на Министерството за внатрешни работи (МВР).

ДУИ, БЕСА и Села добиваат силна конкуренција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top